Бесплатни консултации за изработка на веб страни

Изработка на веб страни

Креираме брзи, професионални и модерни веб страни што помагаат вашиот бизнис да добие повеќе клиенти.

  • Брза веб страна што се отвора без чекање
  • Подготвена за Google (SEO оптимизација)
  • Прилагодена за мобилен и таблет
  • Можност за повеќе јазици
  • Дизајнирана според вашите цели и услуги
Разговарајте со нас

Професионална изработка на веб страни

Денес веб страната не е само „присуство“ — таа е место каде луѓето ве запознаваат, ви веруваат и ве контактираат. Професионална веб страна значи јасна структура, брзо отворање, модерен изглед и содржина што го води посетителот кон следниот чекор (контакт, понуда или нарачка).

Изработуваме модерни веб страни со силен фокус на перформанси и SEO: чиста техничка основа, оптимизирани наслови и секции, логична навигација и страници што Google може лесно да ги индексира и разбере. Најважно, веб страната ја структурираме според клучните зборови што одговараат на вашиот конкретен бизнис, услуги и целна публика. Без разлика дали сте локален давател на услуги, онлајн продавница или растечка компанија, веб страната се оптимизира за пребарувања на клучни зборови што се релевантни за вашата индустрија и потенцијални клиенти.

Работиме практично и транспарентно: прво ја договараме целта и содржината, потоа ја градиме веб страната да биде лесна за користење, и на крај ја тестираме за да работи брзо и стабилно. Ако сакате професионална веб страна што носи клиенти, ова е вистинскиот пристап.

Што значи веб страна „подготвена за Google“

Јасна структура

Сѐ е логично подредено — посетителот лесно наоѓа што бара, а Google лесно разбира за што е страницата.

Брзо отворање

Веб страната се вчитува брзо и работи стабилно, без непотребно чекање.

Содржина што продава

Текст што одговара на најчести прашања (цена, процес, рокови) и поттикнува контакт.

Одлична на мобилен

Изгледа и функционира одлично на телефон, затоа што најмногу посети доаѓаат од мобилен.

Видови веб страни што ги изработуваме

Од едноставни презентациски веб страни до комплексни платформи — секој проект го градиме со фокус на брзина, структура и резултати.

Веб страна за бизнис

Професионална веб страна за претставување на вашата компанија или услуга, со јасна структура и повик за контакт.

  • Почетна + услуги + контакт
  • Подготвена за Google (SEO)
  • Одлична на мобилен

Landing страница за услуга

Една фокусирана страница што ги води посетителите да ве контактираат — идеална за реклами, промоции или една главна услуга.

  • Јасен повик за контакт
  • Се отвора брзо
  • Идеална за реклами и кампањи

Корпоративна веб страна

За компании со повеќе услуги или тимови: јасна навигација, доверба, проекти и содржини што се надградуваат.

  • Јасна навигација по услуги
  • Проекти / портфолио
  • Рецензии и FAQ

Е-продавница (E-commerce)

Онлајн продажба со лесно користење: категории, производи, кошничка и едноставна нарачка.

  • Категории и филтри
  • Производи што се појавуваат на Google
  • Лесна нарачка и плаќање

CMS веб страна

Веб страна што сами ја уредувате: текстови, слики и блог — без техничко знаење, кога и да ви треба промена.

  • Сами менувате текст и слики
  • Блог / новости по потреба
  • Контрола на пристап (по потреба)

Редизајн + подобрување

Ако веќе имате веб страна: ја освежуваме, ја забрзуваме и ја правиме појасна — без да се изгуби вашиот бренд.

  • Побрзо отворање
  • Подобра структура и содржина
  • Повеќе контакти / конверзија

Процес на изработка на веб страна

Јасен процес значи побрз развој, помалку недоразбирања и подобар резултат. Работиме чекор-по-чекор, со транспарентна комуникација.

Секој проект е различен, но структурата е секогаш иста:
цел → план → изработка → тест → лансирање.

01

Кратка анализа и цели

Го дефинираме типот на веб страната, целната публика и што треба да постигне (контакт, понуда, нарачка).

  • Тип на веб страна и опсег
  • Кои услуги/страници се потребни
  • Клучни повици на акција (CTA)
02

Структура и содржина

Подготвуваме логична структура (sitemap) и ги договориме текстовите, секциите и приоритетите за SEO.

  • Sitemap + навигација
  • H1/H2 структура за SEO
  • Содржина што одговара на прашања (цена, процес, рокови)
03

UI/UX и дизајн насока

Го поставуваме визуелниот стил и UX логиката: како корисникот се движи и каде најлесно конвертира.

  • Мобилен-first пристап
  • Јасна визуелна хиерархија
  • Доверба: секции, детали, докази
04

Развој и имплементација

Ја изработуваме веб страната со модерна технологија и оптимизиран код за брзина, стабилност и SEO.

  • Чист и одржлив код
  • Оптимизирани слики и ресурси
  • Технички SEO: мета, каноникал, структурирани податоци
05

Тестирање и оптимизација

Тестираме на уреди и пребарувачи, ги проверуваме перформансите и ги средуваме деталите пред лансирање.

  • Mobile/desktop тестови
  • Core Web Vitals / Lighthouse проверки
  • Финален преглед на содржина и CTA
06

Лансирање и поддршка

Го пуштаме сајтот во продукција и остануваме на располагање за одржување, апдејти и подобрувања.

  • Лансирање + индексирање
  • Основен monitoring
  • Одржување и итни интервенции по потреба

Опишете ни што ви треба и ќе ви предложиме најдобар пристап.

Зошто Ред Пет за изработка на веб страна

Градиме веб страни што решаваат реални проблеми: повеќе контакти, подобра видливост на Google и професионално онлајн присуство што носи резултати.

Кои проблеми ги решаваме за вашиот бизнис

Нема доволно контакти од веб страната

Го организираме сајтот околу јасна понуда и повици на акција (контакт, понуда, порака), за посетителот лесно да направи следен чекор.

Веб страната е бавна или „тешка“

Правиме оптимизација за брзо вчитување и стабилна работа, за корисниците да не се откажуваат и за да добиете подобро искуство на мобилен.

Не се појавувате на Google за вашите услуги

Градиме SEO структура и содржина според вашата индустрија и клучни зборови, за да се појавувате на пребарувања што носат реални клиенти.

Како го постигнуваме тоа (практично и професионално)

Модерна технологија

Next.js, React и TypeScript за брзина, стабилност и чист код што може да се одржува и надградува.

Јасен процес и рокови

Работиме по чекори: структура → содржина → UI/UX → развој → тест → лансирање. Секогаш знаете што следи.

Фокус на конверзија

Јасна понуда, доверба (рецензии/проекти) и силен повик на акција — целта е посетителот да стане потенцијален клиент.

Поддршка и одржување

По лансирање, можеме да продолжиме со одржување, апдејти и подобрувања (по договор).

Ако барате изработка на веб страни во Македонија со брзина, SEO и професионален пристап — ова е точниот модел на работа.

Да видиме што ви треба

Кажете ни каков тип веб страна сакате и што треба да постигне — ќе предложиме структура и пристап што има смисла за вашиот бизнис.

Јави се

Што велат клиентите за РЕД ПЕТ

Реални искуства од клиенти кои соработувале со нас. Рецензиите се јавно достапни и проверливи.

Google reviews

Google Reviews

★★★★★

Погледнете ги нашите оценки и коментари на Google.

Види рецензии на Google
Clutch reviews

Clutch Reviews

★★★★★

Независна B2B платформа за рецензии на дигитални агенции.

Види профил на Clutch

Рецензиите не се копирани на страната — секогаш водиме до оригиналниот извор.

Најчесто поставувани прашања

Дали нудите консултација за изработка на веб страна?

Да. Нудиме бесплатна консултација за изработка на веб страна каде што ја разгледуваме вашата идеја, целната публика и бизнис целите. Даваме препораки за структурата на страницата, функционалностите, дизајнот и технологијата, како и насоки за SEO и перформанси. Ќе добиете јасна слика за тоа како треба да изгледа вашата веб страна, кои се следните чекори и колку време е потребно за реализација — целосно без обврска.

Колку време трае изработка на веб страна?

Најчесто 7–21 ден, во зависност од бројот на страници, содржината и функционалностите. Ако текстовите и материјалите се подготвени, процесот е побрз. За е-продавници и напредни интеграции, рокот е подолг.

Дали веб страната ќе биде SEO оптимизирана?

Да. Вклучуваме технички SEO (мета тагови, canonical, структура на наслови H1/H2, интерни линкови, sitemap/robots каде што е потребно) и основна оптимизација на брзина. За топ рангирање се препорачуваат дополнителни SEO landing страници и содржина.

Дали работите со шаблони или правите уникатна веб страна?

Не продаваме „еден шаблон за сите“. Структурата и секциите ги креираме според вашиот бизнис и цел (контакт, понуда, нарачка). Дизајнот и содржината се прилагодуваат за да изгледа професионално и да конвертира.

Што ви е потребно од мене за да започнеме?

Краток опис на услугите, примери што ви се допаѓаат, лого/бои (ако ги имате), контакт информации и листа на страници. Ако немате текстови, можеме да помогнеме со SEO copy.

Дали нудите хостирање и одржување?

Да. Можеме да предложиме хостинг и да понудиме одржување (апдејти, мониторинг, мали измени, безбедност) како месечна услуга по договор.

Може ли да ја уредувам веб страната сам/а?

Да — ако ви е потребно, поставуваме CMS за лесно уредување (услуги, блог, слики). Ако не ви треба често уредување, може да биде и без CMS за максимална брзина и едноставност.

Колку чини изработка на веб страна?

Цената зависи од обемот: број на страници, дали има CMS, дали има е-продавница и интеграции. Најдобро е да направиме кратка консултација и да дадеме точна понуда.

Дали ќе работи добро на мобилен телефон?

Да. Дизајнот е mobile-first и го тестираме на различни големини екрани. Мобилната употребливост е критична и за конверзија и за SEO.

Со цел да ви излеземе во пресрет со најдобра понуда креирана според вашите потреби, контактирајте не.

Телефон: 070 470 004

Адреса: 4 Јули бр. 12

Гевгелија, Република Македонија

Е-пошта: info@redpet.com.mk

img